далеку (прил.) - помал (прид.)

Да, вие сте овде навистина како на еден долг одмор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На 19 август востание избувнало и во охридскиот крај, но со далеку помали димензии отколку во битолскиот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Освен во лицето на германскиот кајзер, Абдул Хамид имал уште еден сличен сојузник, далеку помал, но не помалку верен. Тоа било Грчкото кралство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На 27 септември започнале краткотрајни борби под раководство на Јане Сандански во серскиот округ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)