далеку (прил.) - го (зам.)

Тие не гледаат ништо пред себе, ама на далеку го гледаат она што и соколите не можат да го видат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сите овие слики можат да изгледаат убедливо вистинити, со жив впечаток за бројни замрсени детали, кои далеку го надминуваат сето она што поединецот го дозволува како постоечко во неговиот арсенал на свесно знаење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дел за празни верувања „Трчаме“ низ полето незнаејќи го правецот и насоката Далеку го носи патот „Играме“ на килимот исполнет со страв и стрес Далеку ќе бие ѕвоното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од под нејзините стреа засекогаш одлетаа ластовиците и ветерот презаситен со чад, далеку го однесе мирисот на џунџулето и босилокот што толку многу ги имаше во дворот... Пусто... Запустено...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ни кажвае дека го поминае Корча град и до Подградец фтасае... Далеку го истерае Италијанецо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но вредноста на оваа книга не се огледа само во ова.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Извонредната методолошка самосвест, философската дистанцираност, усетот за правење значајни терминолошки дистинкции, богатството од обработена литература и цврстото аргументирање на сопствените тези се главни одлики на ова дело кое далеку го надминува нивото на еден магистерски труд.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Онаков каков што беше секогаш кога ловеше риба, со широките панталони кои допираа до твоите колена, со трската во раце, а до тебе ќесето со рибите што си ги уловил, и како од далеку го шириш и ми велиш - види…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Зборуваше дека е свесен за целата ситуација, дека ја прифаќа вистината, но иако се јавуваше од далеку го чувствував неговото подголтнување кога зборува, го чувствував трепетот на неговиот глас.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По Турците таму се случија големи преселби, заедно со деда ти дојдоа просвигите, а по просвигите на Грција ѝ се случи Граѓанска војна, се случи трагедија на децата- бегалци, власта во Грција ја презедоа полковниците и така испустено и напуштено село- сениште што од далеку го видовме кога се возевме за Костур од каде што ти фати авион за Солун и Атина?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едо од далеку го здогледа капетанот Мрвичиќ, кој тој ден беше дежурен офицер и кој меѓу војниците важеше за еден од најстрогите офицери, додека Марко, со празната порција под мишка и со рацете потпикнати во џебовите, кажувајќи му нешто на Еда, всушност се преправаше дека дежурниот офицер не го забележува, додека Едо го слушаше, во себе се прашуваше дали да го предупреди другарот, но меѓувремено дежурниот Мрвичиќ веќе наиде така што Едо, како што налагаа прописите, отсечно го поздрави дежурниот вкочанувајќи го горниот дел на телотот и со главата свртена кон него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- А јагодите ќе ги уминеш ли? - му довикна Бојан, кој од далеку го следеше разговорот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)