далеку (прил.) - ги (зам.)

Цела серија акции со заедничко име Црвена вечера одржавме во текот на 1979 и јас тоа го сметам како еден од најважните настани во мојот живот, кој далеку ги надминува разните теориски дрдорења.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Уште од далеку ги чуја.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Многумина геј- мажи, а и низа нивни пријатели и непријатели, одамна насетиле дека она по што геј- мажите се разликуваат од останатиот свет е нешто што далеку ги надминува сексуалните склоности и практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноѓе го гореше под срце нејакиот пород и се разбудуваше и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Знам дека кога се палат уличните светилки, кога гори и свети неонот, тогаш кога се преливаат светлата во чудесни нијанси и кога луѓето од далеку ги посматраш како силуети, е најпријатно да се впуштиш кон „Пигал“, па сè таму до „Клиши“ и „Амстрдам“, кон „Сен Лазар“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Според мене, Хичкок далеку ги надминува, бидејќи е покомплетен.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)