груб (прил.) - го (зам.)

Подбивниот, избрчкан глас на Сириецот грубо го влече кон студената пареа на крајбрежјето, скоро со болка ја сече мирната поврвнина на идеализираната визија: - Оној што го имаше каменот пред мене ја матеше мудроста со безумност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа што го имаше тој едноставно грубо го турна во прегратките на друг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се плашев Игбал да не си замине додека јас се расправам со брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што сакаш? – грубо го прекинав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Птиците не киваат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Нема што да мислам, - грубо го прекина високиот. – И глув ќе слушнеше кивање.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Речиси заедно со кифлите во слаткарницата влезе и Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Зарем не сфаќаш - грубо го оттурнав со погледот – ги обвинуваш луѓето а тоа звучи како кога ќе речеш дека времето се мурти, може и да заврне, а нигде облаци или пак никој не ги забележал освен тебе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа му велеше дека начинот на кој се изразува не покажува дека е слободен, туку дека ги презира жените, дека им се потсмева и ги понижува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тука, покрај Густав Климт, седеше неговата две години постара сестра Клара, која повремено, сосема неумесно за салонот, грубо го удираше со лактот, го прекоруваше, а тој се правдаше дека неговото однесување е дел од слободата која му е потребна на секое човечко суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)