горе (прил.) - по (предл.)

Се потпре до ѕидот и се загледа горе по улицата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На оваа мисла ги навеле и нивните коњи, кои бегајќи од низината крај Црна, летно време накачувале горе по Зелка, Ѓурѓишча, Перун и Трибор, барајќи сочна трева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многумина го имаа видено Толета отпорано, та сега од неколку грла се испушти една тажна воздишка. — Леле, мајче ти мила!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите ги завртоа очите горе по улицата откаде се зададоа шест наоружани луѓе и двајца селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ниа Мусинските, Остречките, Канатларските качаци, нема пазар да не излезат горе по Слива и да не и оплачкаат нашите пазарџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќерка му се качува горе по скали, пратена од една сурова волја да исполнува колку бесмислена толку смртоносна задача.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откога виде дека нема никој, се искачи горе по скалите и ги спушти чергите на подот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Додека собирам пелени, долу и горе по собите, и правам измивања и преврски на нови пеленки, го слушам муабетов.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа го чу како се искачува горе по скалилата, полека до поткровјето, во тоа правливо место на изминатите години, тоа црно место на костуми и реквизити и Времето, во светот одделен од овој долу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)