горд (прил.) - го (зам.)

Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Со кого се натпреваруваат тие кои гордо го носат своето его и неконтролираното чувство на омраза и гнев.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И право да ви кажам, си ја замислив како гордо го преметнува појасот преку голишавото рамо, додека прстот го става на софистицираната рачка за брисачите, внимателно отстранувајќи ја утринската роса од шофершајбната.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Откако го откри шинелот, тој мошне гордо го погледна и, држејќи го во обете раце, мошне вешто му го наметна на рамената на Акакиј Акакиевич; потоа го повлече и го притисна одзади со раката надолу; го обргли со него Акакиј Акакиевич сè уште само наметнат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во семејниот летопис било запишано дека предците верно и гордо го штителе и помагале манастирот Свети Наум.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нивното годишно појавување на фестивалот на Фајер Ајленд претставувало своевиден ритуал – јавно, заедничко одигрување на загуба и на болка – и на тој начин вдовиците послужиле како неофицијални жалосници во името на сите од тамошната заедница.190 Исто како што си го исмевале средоземното наследство додека истовремено гордо го прикажувале, тие и го исмевале сопственото страдање токму кога видливо го ставале на увид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)