годишно (прил.) - момче (имн.)

Петнаесет - шеснаесет годишно момче ја имаше притиснато својата девојка до ѕидот, на крајот од шанкот и двајцата, очигледно не премногу загрижени за Мара, ги спојуваа јазиците со агресивно темпо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Никој не би рекол дека е помала од четиринаесет годиии, ако не знаеше кога е женет Илко и кога му се родени децата А и брат и Стојан не личеше на дете од осумдевет години, ами на единаесет дванаесет годишно момче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седнат на столчето спроти татка си, го слушаше со отворена уста син му Толе, деветнаесет годишно момче, со сиви очи, бело лице, руса коса а црни веѓи и мустачки штотуку му беа наудриле под орловиот нос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Градите високо му се креваа и спуштаа, а од грлото се слушаше потајно стенкање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ставај, бре комито, ставај да носам жив кај бимбашијата, — почна да го скорива Суло младото петнаесет шеснаесет годишно момче, кое ги вргалеше очите во небото и случајно ги фрли во Суловите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, погледај се во огледалото – 18 годишно момче стана млад човек, жеден за свој живот и полн амбиции.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа за некој кој што пред триесет години како дваесет годишно момче дошол да бара правда пред парламентот на една малечка држава со која што векови владееле олигархии од различни бои и сорти, беше бетер и од самата умиричка.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)