годишно (прил.) - време (имн.)

Зимата е најубавото годишно време.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Луѓето се чудеа и се крстеа: „И господ не држи до никаков ред: за една ноќ може да те излаже за цело годишно време: вчера беше пролет, а денеска зима...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нашиот кревет разголен – убав, длабок, тежок, дабов, заедно со сништата издувани и со желбите оладени го запечативме за едно друго годишно време.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Од југ, од топлиот Егеј, дошле благи ветрови што донеле жешко време и реки од дожд, нетипични за тоа годишно време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ветрот ги носеше низ нерамната калдрма на улиците жолтите лисја - визит-картите на новото годишно време.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Знаеш ли во кое годишно време сме влегле, кутро момче, знаеш ли дека е вистинско лето, август, најубавиот месец во годината? - рече и уште повеќе тргна да се смее, како некоја планинска чешма силно, незапирливо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но можеби тоа беше крај на пролетта, можеби пак доаѓаше летото, - проклет да бидам, никој не знаеше во кое годишно време живееме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Суви ветрови летаа низ небото, оган. Можеби беше некое непознато годишно време.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се вратија таа есен, и за само едно годишно време се беа претвориле во прекрасни млади жени со префинето однесување, со француски фрази во кокетливиот говор, со израз на лицето кој не изразуваше збунетост и пониженост, туку една лежерна скромност и радост од животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им се воодушевував на моите сестри, на нивните гестови и нивните разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се враќаше кон заборавеното годишно време на својата среќа, кон италијанската пролет за која Татко не знаеше...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој ги спроведуваше плановите на Дуче. – Но тој беше споредната личност, во нашето нају­баво заедничко годишно време, најубавото време на мојот живот, на моја италијанска пролет... – Тие сакаа да нè проголтаат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ќе може да помине пет или шест месеци обидувајќи се телепатски да се пренесе низ времето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не ќе може да ја помине целата зима во приземјето на музејот каде имаат изградено макета на градот како што бил на почетокот, со пени-бонбони продавницата и 10-пени берберницата и бањи за четврт долар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе дојде годишно време кога таа нема да може цел ден да шета или да седи во трговскиот центар или во фоајето на гранитното Градско собрание преправајќи се дека чита весник.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)