гласно (прил.) - го (зам.)

Сега го чув дедо како гласно го праша Петрета пред пангарот: - Даде ли Господ крстот, да ни е на помош, да замрсне? - Даде, Крстине даде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се враќаме во хотелот. Изморени сме од целодневното патување и до некаде разочарани затоа што не го најдовме местото на нашето детско живеење пред шеесет години и гласно го коментираме нашиот неуспех.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Петра благо се насмевна сакајќи без лафови да ѝ каже дека знае што врти во главата, оти малку или многу, сите знаеја, таа тоа гласно го изговори на гаковската станица, дека врзала семка од Доне во мешето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ружа гласно го коментираше тоа. - Оваа проклета несреќа ќе нѝ го одведе Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Водомаре, ме слушаш ли? Старчето сега не ми одговори, иако вториот мој повик гласно го изговорив.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)