гласен (прил.) - ќе (чест.)

Ама знаев дека не смеам да покажам знаци на страв и се воздржував колку што можам, обидувајќи се да бидам присебна и смирена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сетил - не се сетил, јас и натаму како да го слушам како на лутето самозадоволно им раскажува и откако ќе заврши, чека да чуе како тие гласно ќе се чудат како му истекнало така да направи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Често Шишману туку ќе му се откачеше некој котелец, гласно ќе кажеше некое делче од долгиот монолог што сам со себе го водел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да не бев со Дена гласно ќе се расплачев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе велеа машките: „Ќе се качиш на Бистра” – божем мислат на планината, и ќе се кикотеа како што се кикотат кога гласно ќе изговорат некое безобразие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш гласно ќе си измолитвев неколку молитви научени уште во детството.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зошто токму Македонците се прекоруваат и се исмеваат секој пат кога јасно и гласно ќе кажат дека се Македонци, дури и кога не зборуваат за никого друг?“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Или пак, ќе се скрие зад вратата и гласно ќе го џвака својот омилен оброк, трева во сендвич од луѓе.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)