гласен (прил.) - им (зам.)

На некои, среќен што ќе ги поседува, дури гласно им зборуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секретарот гласно им го прочита писмото од Водачот засилувајќи ја интонацијата кога се спомнуваше неговото име и Централниот комитет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ги составив како инка дланките околу уста и гласно им викнав: Попусто во чуда верувате.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)