гласен (прил.) - го (зам.)

Алал Комби не можеше да издржи, и, не барајќи збор од другарот Чапаев верувајќи дека и тој е согласен со Татковото претерување, гласно го прекина: - Вие, другар судија, се оддалечувате од главното прашање: како ќе го браните нашето социјалистичко, револуционерно право, со вашата отоманска диплома?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Актерот гласно го искоментира неприличниот гест: „Види го овој!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Седна спроти мене, како секој галамџија, гласно го повика дечкото и побара мени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога се вратив, Љубе ме искара што не сум дошла побрзо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дури и гласно го викав по улиците, ама него го немаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Веднаш под неговиот прозорец, како некоја уште неприбрана, заборавена сенка на таа ноќ, седеше еден голем парталав волк и гласно го голташе крвавиот снег од местото каде што беше синошната борба, само понекогаш покренувајќи си ја својата шилеста муцка и завивајќи безгласно кон полускриената месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Сега веќе верувам дека тој привид ќе се осветли, ќе се престори лик! – неочекувано гласно го изнесе својот заклучок - Да не произлезе најсетне дека сега се сети оти мајка ти, или некој друг, ти има кажано а ти, којзнае зошто, си го затурил сеќавањето - се обидов да се пошегувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мајка ми? - се зачуди Иван. Очигледно моето прашање го збуни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мајка ми се чини веруваше дека тој податок нема многу да ми користи. - Кој податок – прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој гласно го изговара, немоќно насмевнувајќи се, тажно, некако уморно, потоа продолжувајќи го своето мачно качување, повремено застанувајќи да се осврне и да ги погледне скалите зад себе. наслов на изворникот: Robert Coover, “The Elevator”, Pricksongs ѝ Descants, 1969.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)