вчера (прил.) - му (зам.)

СТОЈАНКА: Зборувај како знаеш, Томче, само довечер збор да дадеш: или... или...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Залудно. Зад него беше уште една непреспана ноќ.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Костумот што не го соблече од вчера му беше сосема истуткан од долгите преместувања од една на друга фотелја додека синоќа се обидуваше да најде место кај што ќе му дојде сонот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
СТОЈАНКА: Сум чула од татко ти. Вчера му зборувал на еден татков пријател, а тој му кажал на татко ми.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Оние што до вчера му беа сојузници побараа од него да прогласи прекин на огнот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стојан, кој сѐ уште има отворена и загноена рана, со дланката го трие образот што вчера му побеле од студ. Секогаш е гладен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)