вчера (прил.) - ми (зам.)

— Како си, Небеска? — Вчера ми беше лошо, а денеска уште полошо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Миговно ја жегнува жеговна мисла: - Прости ми, мајчице мила, сум згрешила... сум се загледала во очите на момчето што вчера ми го препречило патот - ама мислата не ја изусти, ја премолча - за до крај да го дослуша сонот, па му рече: - И јас сум го сонила твојот сон.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Лобо: Вчера ми се јави. Ми се пофали, купил нова сачмарка. Среќно момче е тој.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Овој глас не е за радио, Лобо. (Се огледува во огледалце) Овој глас единствено може да известува во кои драгстори се продаваат свински паштети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета (Станува од шољата): Опушти се, Лобо! Зошто си така напнат?! (Од шкафче вади ханзапласт, памук и алкохол) Дај ваму.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
(Со памук го брише исеченото место) Вчера ми вети дека ќе ме водиш да го гледам оној пијанист.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Денес ти ѝ судиш на мојата љубомора ќе извикав изнервиран, а вчера ми приговори дека сум ја посетил распуштеницата Лила, пријателката на Дуња и тоа во ситните часови? Зарем тоа не беше љубомора?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислиш дека беше во прашање љубомора а не стравување дека си посетил грд расадник на зарази, ми приговори тогаш можеби со право Катерина, и потоа само додаде: Мило, зар не се обиде самиот да ми докажеш дека сепак не успеала да те искористи таа ороспија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Јас, јас... јас од компликации и така наеднаш!“, проговори повторно младичот, „Мене Шулц уште вчера ми вели, вие, ми вели, имате компликации, а јас наутро и умрев. Ах!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ах, се чини дека е млад човек!“, повика Авдотја Игнатјевна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)