вчера (прил.) - бев (гл.)

Митре се провикна: — Селани, браќа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве, Митре вчера беше со муљазимот денеска со вас, утре со други.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас го гледам, си мислам и се прашувам: - Мајката, што му е на човекот? Вчера беше здрав?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето се чудеа и се крстеа: „И господ не држи до никаков ред: за една ноќ може да те излаже за цело годишно време: вчера беше пролет, а денеска зима...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Папата е дојден и да го благослови поставувањето на првиот камен-темелник на новиот храм на пресвета Мадона, на влезот на градот Скадар, на место каде што до вчера беше извишен Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Веројатно зашто вчера беше први септември, т.е. првиот училишен ден.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Се договоривме, најдовме поволен датум и јас вчера бев во посета на конзуло.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вчера беше овде, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вчера, добро вчера бев стониран но не по моја вина, а за денес...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Срање. Можеш да ја земеш истата таблета 100 пати и таа 100 пати ќе биде различна. . . и тоа е прекрасно!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Прифати го тоа - тоа е живот! Вчера беше вчера, а денес е денес. Немај очекувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Некни се возевме со хеликоптер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред моите очи го забележав мајкиното писмо на кое вчера бев решил да одговорам денес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„А толку многу сакаше да зборува, иако никогаш за себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сѐ поретко излегува од дома. Вчера бев да ја посетам. Едвај изговара по некој збор.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Те молам, мамо, не плачи. Не можам да си простам. Толку големи грижи ви сторив. И трошоци.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Живи се... велат насобраните и - ништо повеќе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вчера беше под шок, а денес го пуштија дома да го негуваме...“ се обидуваше спокојно да зборува, ама гласот ѝ трепереше.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Љупчо? прашуваме, а насобраните велат - Две деца биле, ги однеле в болница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вчера бевме многу исплашени, а денес веќе сме подобро...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Автото е расчукано. Што ми требаше да се здружам со Џеронимо?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Тебе ти викам! Слушаш - змијарник! Вчера беа од дератизација! Немој да се оддалечуваш од бетонската патека!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)