воопшто (прил.) - го (зам.)

„Дали воопшто го примиле телеграмот?“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што е најважно, не знам дали воопшто некаков генерал се појави и дали воопшто го видов.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мислам дека ниеден друг човек што воопшто го познавам не би можел ни одблиску да биде толку добар Маклабас како Илија Даскалов.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Прашање е дали воопшто го сакам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сите се чудат како воопшто го знаеш и сопственото презиме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не си го знаела презимето на директорот, кога те прашале не си го знаела ниту моето презиме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А: Ве молам да ме извините, навистина ми е жал што воопшто го започнав сево ова.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Па тие се господари на ситуацијата.  Го трие челото исправајќи ги новите, виенски гравири на кожата и мислата му талка низ прикрајоците на градот, онаму каде што до неодамна се наоѓаше старата некропола.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како воопшто го вратија... Сметаат на него, ете како.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не да го украдеш, односно да го плагираш, додека уште не е објавено, било да е оригинално или преведено или преработено или компилирано; туку да го побараш во него она што не си го нашол во веќе печатените и прочитаните, да го побараш макар и не го нашол, оној клучен збор со кој ќе ти се објасни сè, ако воопшто го има.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овој пак, не гледаше во купувачот туку во неговите пари, па немаше можност ни да го препознае ако воопшто го знаел дека постои.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
НОРА: Стоички. M СТОИ = ИЧ KICK, ко што вели мојот пријател од лабораторијата за бесполово размножување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како воопшто го издржуваш овој одвратен, бездушен град кој не поседува минимум критериуми и којшто се пали бескрајно бавно и накнадно, ко фитиљ во цртан филм, и сѐ што имаме од него се тие комично гарави лица наутро во огледалото, ко проклети потсеќања дека овде сѐ е џабе и дека немаме шанси?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хаосот кој новата уметност воопшто го создава може да се објасни само со укажување на основното тежнение на современиот уметник за поместување на аголот на гледање, како и замена и прераспределба на застарените и утврдени улоги.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не бев сигурен дали Бојка воопшто го слушна она што ја прашав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во ред, да претпоставиме дека М Ѓурев воопшто го нема посетено другарот секретар во спомнатиот понеделник; дека не ја видел белезицата на раката на Ботка; дека сѐ ова што се случува со него во затворов овие денови се некои необјаснети привидувања; дека и кај него, еве, дошло до тоа пореметување на рамнотежата помеѓу она што не било, и она што тој мисли па дури и верува дека се случило.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јован Бошковски ЧОВЕК НА ПОКРИВОТ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Буенос Аирес е друга улица, онаа низ која не сум поминал, тоа е тајно средиште на блокот и крајните дворови, тоа е она што го кријат лицата на куќите, тоа е мојот непријател, ако воопшто го имам, тоа е личност на која не ѝ се допаѓаат моите стихови (ни мене не ми се допаѓаат), тоа е скромна книжарница во која, можеби, сме влегле па сме ја заборавиле, тоа е отсвиркано делче од милонга*, што не го препознаваме а нѐ допира, тоа е она загубеното и она што ќе настане, тоа е она следното, друго, туѓо, странично, кварт кој не е ни твој ни мој, она што го знаеме и сакаме. * Милонга - аргентинска пучка мелодија. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 117
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По таванските скали се искачи прво на терасата што служеше за сушење на алишта, а потоа на покривот од куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)