воопшто (прил.) - ги (зам.)

Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не знам дали после воопшто ги мие или утредента ми ја става чинијата пред мене само така олижана од кучето или од мачките.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Има чувство, знај да го најди вистинскио материјал, вистинската кожа, постава, боја и да ги направи чевлите онакви за нивниот сопственик да заборај дека воопшто ги носи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Десетте канона од Музичката понадица спаѓаат меѓу најразработените канони што Бах воопшто ги напишал.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, таа настрана мода не потраја и многу лезбејки и геј-мажи во САД, како Џон од Анаполис, сега си се вратиле на тврдењето дека геј-мажите ги дефинира, ако воопшто ги дефинира, само нестандардната сексуална наклонетост, која сама по себе не мора да е сврзана со ниедна друга одлика на личноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што ни е потребно не е компјутер кој би заштедил работа, туку компјутер кој ја зголемува работата што треба да ја извршиме, исто така и досетки, како и Џојс кој открива мостови таму каде мислевме дека воопшто ги нема, и кои нѐ претвораат не во приемници, туку во уметници.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сатурн се откажа, но и понатаму на портата од болницата оставаше кутии цигари, без да знае дали Марија воопшто ги добива, сѐ додека не ѝ се покори на суровата реалност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа ѝ раскажала дека продолжила да ѝ носи цигари на Марија секогаш кога можела, па дури и решавала и некакви итни непредвидени работи, сè додека еден ден не ја нашла болницата во урнатини, разурната како лош споменик на тие неблагодарни времиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кои се тие заеднички обрасци и фундаментални принципи, ако воопшто ги има, кои го обликуваат нивното впечатливо поведение?“ 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Сега ми е жал што воопшто ги чув тие гласини“, рече тој искрено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)