воопшто (прил.) - бил (гл.)

Кога првпат ја добив на телефон, ѝ требаше минута молк за да се присети дека некогаш воопшто била „удата за тог господина“, зашто бракот бил повеќе мување и траел помалку од еден месец!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зошто воопшто постоеле сите тие радосни потреперувања и очајнички свивања на срцето, зошто биле кажани тие зборови вистински и зборови лажни, зошто сите тие надевања и разочарувања, зошто тие мудри мисли и мисли глупави, зошто таа радост и таа тага, зошто злосторствата и зошто добрите дела?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа вештина им овозможува толку брзо дејствување, што нападнатиот бидува совладан пред да сфати дека воопшто бил нападнат.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ако исчезнале како никогаш да не ги било, тогаш зошто воопшто биле?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш беше во состојба со денови по ред да заборави дека некогаш воопшто бил оженет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)