воедно (прил.) - го (зам.)

Таа инсталација е значајна и на симболно ниво, бидејќи задржувањето на окото (погле­дот) во рака ја имплицира парадигмата на денешниот вистинскиот господар, кој има моќ, бидејќи моќ има пред сè оној што е сопственик на погледот, кој што просудува за тоа што смее во сликата а што не.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во таа смисла инстала­цијата Поглед со рака се обидува да загосподари над видното и воедно го огра­ничува, бидејќи како-божем-сопственикот на погледот може во тој пример да манипулира уште само со веќе создадениот, дефиниран програм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Откривајќи го делото на Едгар Морен, преку неговата книга Видал и своите, сага за балканскиот и европскиот егзил на неговото семејство, чија централна личност е неговиот татко Видал Наум, јас воедно го проширував хоризонтот на мојата потрага по татковиот балкански егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Оживувањето на фонтот не претставува целосно имитирање на поправениот фонт, туку внесување на нови суштински одлики со кои суптилно ги сменил буквите, а воедно го сочувал есенцијалниот карактер на фонтот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)