внимателно (прил.) - ќе (чест.)

Затоа кога Веле ги критикуваше мајсторите, говорејќи дека треба тие да ја внесуваат целата душа и да не жалат ништо, само да ја свршат што побрзо и што поубаво работата, велгоштанецот внимателно ќе го слушаше и потоа полека ќе му речеше: - Јас тебе ти признавам, Веле, иако си помлад по години, во занаетот си отишол понапред не само од мене, а и од миогу други мајстори како мене, што сме денес што се вели, со мајсторска тапија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога внимателно ќе се погледне Хичкоковата кариера, од неговите неми англиски филмови до холивудските филмови во боја, во неа ќе најдеме одговор на неколку прашања кои секој синеаст треба себеси да си ги постави, а од кои следново не е баш безначајно: како да се изразиш на чисто визуелен начин? Margina #21 [1995] | okno.mk 13 Овој човек кој најдобро од сите го пренесе стравот во филмот, и самиот е плашлив и претпоставувам дека неговиот успех е врзан за оваа одлика од неговиот карактер.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Гледајте, од летната горештина има оштетени листови и гранчиња. Внимателно ќе ги отстраниме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Всушност, кога внимателно ќе се разгледа, испаѓа дека “интерпретаторот-измамник” е мошне сличен на еден славен апарат од современата проза - “Максвеловиот демон”, направа што ја замислил шкотскиот физичар Џејмс Кларк Максвел, а којашто ја споменува Томас Пинчон; раздвојувајќи ги брзите од бавните молекули, Максвеловиот изум го прави теориски можен прирастот на енергијата внатре системот, и на тој начин дејствува против ентропијата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На џумкава внимателно ќе исползи зелениот гуштер и ќе остави сонцето да ги размножува по неговото меко тело чудесните дамки.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Внимателно ќе гледаш во водата додека се возиме крај реката и ќе чекаш да почувствуваш кое е тоа место на кое треба да застанеме.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)