внатре (прил.) - не (чест.)

Нормално, тоа што беше внатре не можеше да се нарече мозок, бидејќи да имаше мозок, јагнето сигурно немаше да се наоѓа во ваква состојба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Секој што е посматрач однадвор може само да претпоставува, а единствениот што е внатре не може ништо да каже зашто ќе изгори - како што прегорува дивиот белутрак суво нареден како одвнатре изѕидана варница во делотворен варовник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Засолнати во ќошето, далеку од очите на останатите гости, Ѓорѓе и Рада веќе се држеа за раце. Од внатре не ја забележуваа Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само вртат, сиромаси сватовите, околу куќа, внатре не можат да влезат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не се спие внатре не само од топлото, туку и од болвите и од тавтабитите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А внатре не сме само ние: купишта чкрапји, стоногалки, и вошките што сме ги донеле со алиштата наши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)