веќе (прил.) - сосема (прил.)

Повторно нурна во својата осаменост, во која немаше ништо освен апстрактната потреба за цицање крв.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најпосле се најде пред една пуста уличка со светилки, веќе сосема обичен; дури и беше заборавил што се беше случило со него.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Очигледно, забавно му беше да го слуша Филозофот, а да нѐ исмева нас, од чии мудрости беше веќе сосема заситен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лекарите од судската медицина велат уште дека во неговиот џеб од палтото нашле јагленосано клопче; тоа, според нив, била некаква тетратка, на која веќе сосема тешко се распознавале буквите; експертизата покажала дека тоа е некаква песнарка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стефан беснееше, се престоруваше во гуштер одвратен, во молец што ги јаде јаслите сопствени; Пелазгиј веќе сосема побледе и само јас видов дека дланката од десната рака на Писмородецот му се стега под ризата во тупаница.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Но, можеш ли да ни го објасниш значењето на гласовите, за секој глас одделно?!“, рече сега веќе сосема заинтересирано логотетот, кој во воздухот насетуваше чудо, миракула Божја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но тој чудна ука ми кажа, ми ја преподаде уката на криењето тајни а украдени нешта, и јас видов дека срцето негово веќе сосема во пороци зараснало, како нива заборавена од Господа и рака човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слатките тие на тетка - рече и пак ги забриша очите, иако тие одамна беа веќе сосема суви.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Здравјето и порано не ѝ беше најдобро, но по земјотресот веќе сосема заслабна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Оној што не разбра за него Зборовите на свештеникот со некое чудно ехо се одбиваа низ внатрешноста на катедралата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од себе го извади она што му се чинеше како последна сила и со тежок чекор, со раката сè уште притисната на градите, веќе сосема влажна од топла крв, се упати кон оџакот што чадеше...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И другото „но“, веќе сосема практично. Ленин беше недоволно германски шпион.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со тоа учење далеку потрезно се опстојува во сите животни незгоди отколку со комунистичките ветувања.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Успеа да ја дотера само уште таа штица, превивајќи се над трупецот, а кога се обиде да ја почне новата, бичкија веќе сосема бессилно се влечкаше и замажуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наеднаш на Змејко така му зовре, што сега веќе сосема јасно сети дека нема да може да издржи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку повеќе остануваше на прозорецот, тој можеше сѐ појасно да го открива тоа, а во длабокото претпладне тоа веќе сосема се одреди и се изјасни пред неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арсо ни еден од нив не видел, а му стануваа веќе сосема блиски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само ако шегата беше веќе сосема неподнослива, кога му ја туркаа раката попречувајќи му да си ја врши работата, тој проговоруваше: „Оставете ме, зошто ме навредувате?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку сѐ директори и секакви началници не се промениле, него можеле да го видат секогаш на едно исто место, при една иста задача, постојано како чиновник за препис, така што потоа се убедиле дека тој, очигледно, и се родил на светов веќе сосема готов, во виц-мундир и со ќела на главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа веќе сосема ме истера.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Разработувајќи ја сета таа стратегија, веќе сосема заборавив на можната вознемиреност кај Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По настаните, откога бил пуштен, Симон се сместил, како и другите долненчани, во онаа населба до Б., веќе сосема затворен во себе, молчалив и сив, и уште посвиткан отколку во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Фесот се издолжил над кусата, веќе сосема побелена коса, во контраст со темните, еснафски потстрижени мустаќи,кои ја затскриваат горната, и така потенка усна, додека долната доминира, поистурена, но цврста.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Еден ден, веќе сосема оздравена, му рече: - Верувам дека и успехот ти е подобар, мора да си наредил и некоја петка во училиште?
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дед Павел, сега сум веќе сосема сигурна дека и тој беше присутен додека се водеше овој разговор, рече дека Аксја секогаш носела огледало во чантата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во последно време тој често се подсмеваше на нашата слепа послушност кон задолжителните патокази на стварноста. – На сите ни е неопходна нотичка позитивна лудост – ми рече, а потоа ја испразни својата трета чаша црно – Ми се чини дека јас сум веќе сосема близу.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И толку и од посетата на Танаско и Пена во тој неделен ден посветен на малечката Пелагија, сега веќе сосема видливо дека е вистинска копија на мајката Пелагија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пред да ѝ одговорам, бев веќе сосема сигурна дека одговорот е потврден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, па, и ти нему му се допаѓаш – заклучи Лета. – Ми кажа другар му. Вели, од ум и од уста не ја вади онаа Бреза.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)