веќе (прил.) - сосем (прил.)

Часословот е веќе сосем неупотреблив, мувлата ги зафатила и внатрешните листови; но затоа Светото Писание уште не си ја дослугало својата работа, иако се негде-годе дрпнати листови за бришење на бричот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Лицето на човекот, веќе сосем бледо, ја промени бојата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
БОГДАН: (веќе сосем уверен) А-а-а ... (Оди накај сликата од кралот, застануе прописно, поздравуе војнички и вика) Живео краљ.
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Првиот волк веќе сосем наближи кон плевната, а другите, како по договор, како да исполнуваат некој прецизно замислен план, се распрснаа лево и десно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- се врати дедо Алексо во сегашно време, заборавајќи веќе сосем и на Влашко, и на војната и на покојниот Русинец.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
До некое време ги броеше деновите, потоа им го изгуби редот, а болеста веќе сосем му ја замати претставата за времето поминато во заробеништво на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
МАРФА: Ќе преноќевам кај брат ми, а утре веќе сосем оставете ме да си одам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Господи, боже мој, веќе сосем е ноќ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- А јас љубов мразам, се стуштив, веќе сосем несреќен што косата ми штркнува диво и страшно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На кои, како на семејната фотографија со тетка Рашела, загледани оттаму во тебе, иако веќе сосем ги нема, сите се, одново, тука, заедно, на број.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Луман замина нагоре спокоен и сега веќе сосем уверен во пријателството на Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но пред крајот на денот таа веќе сосем беше изнемоштена.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Ох-хо-хо-хо-хо!“, се слушна веќе сосем нов глас, едно пет стапки од генералското место и од веќе сосем свежиот гроб - глас машки и народен, но растегнат на умилен и благогласен начин.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По гласот надворешен советник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Ах! Ајде, ајде од ништо да не се срамиме!“, се зачуја многу гласови и чудно е, се слушнаа и дури сосем нови гласови, значи, од новите разбудени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со особена готовност го даде своето согласие веќе сосем разбудениот инженер.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)