веќе (прил.) - прилично (прил.)

Почнавме уште пред да биде поставено белградското „Буре Барут”, а завршуваме сега кога целата помпа по успешната претстава на Унковски веќе стивнува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите молчат, атмосферата е мачна и затоа многу се пуши така што просторијата е веќе прилично зачадена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во следниот број Маргина ќе се обиде да објави еден многу покомплексен колаж од неколку досегашни емисии, надевајќи се дека со тоа барем делумно ќе успее да санира веќе прилично издишаниот ентузијазам на луѓето кои ја прават емисијава.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јазот меѓу академските и обичните граѓани, веќе прилично широк, ќе стане непремостлив.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како и да е, на крај, ќе те замолам - земајќи го предвид твоето веќе прилично респектибилно искуство во разни „модуси на преживување”, а освен тоа и доследноста и „искреноста” (што и да значи тоа!) на твоето творештво - да промрмориш пар зборови за помладите читатели на Маргина на коишто толку очајно во ова распад-време им требаат поавтентични културни херои и што помалку демагошки стратешки визии. Дрн-дрн...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Целиот веќе прилично растрбушен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во разговорот, како што може да се забележи, имаше прилично дисонанција и провокации, но тоа го сметам и како квалитет на ова интервју бидејќи Дуковски веќе прилично се извештил во давањето спакувани одговори маркетиншки наменети токму за еден просечен балканец: малку експресивни мудролии од типот „мочаш-мочаш-ама прска”, малку патријахалност, малку неформален имиџ, малку жаргон - и ете „успешен медиски настап”. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 69 Всушност, Дејан целокупната своја медиска слика и ја гради врз типот на „добро момче од соседството”, идеален сон на секоја мајка, еден екстремно, според својата едноставност и питомост, недишановски „младоженец”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Едно од нив, на пример, коешто веќе прилично го усовршивме, практично се состои само од јазик на кој е приклучен систем за варење.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)