веќе (прил.) - подолго (прил.)

Во тие светови живееме веќе подолго време и поинтензивно отколку во првите, „нормални” светови, и токму текстот на Хосокава за вокменот тука е доволно симптоматичен.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Особено времињата на криза и “транзиција” (низ која нашата држава минува веќе подолго време) се погодни за умножување на таквите манијаци, така што и целиов овој мал тематски блок може да се сфати како некаква (дај боже, далечна и всушност непотребна) социјална и естетска превентива.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во нашиот град наречен Република Македонија (и кој во себе негува благи тенденции на отцепување од здодевната држава Скопје) веќе подолго време, во смисла на денови, постои една група луѓе (прошарана тука и таму со пар цицачи, аквариумски риби и неколку собни растенија комплет со саксиите) собрана околу тајното здружение во формирање - АРТ ИДИОТ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со овие идеи се занимавам веќе подолго време и за нив разговарам со Бодријар.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Всушност тој веќе подолго време, од моментот кога ја зеде пушката в раце, го очекуваше вивнувањето на тоа пламенче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Комшивките веќе подолго време така разговараат со баба Севда.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ми објасни Кожинката дека момчето е интелегентно и дека веќе подолго време го измачувало прашањето кој е татко му, му објаснив на Кожинката дека интелегенцијата на момчето не е предмет на нашето обвинение.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Однеси му ги на затвореникот оние страници од весниците каде што се ребусите” му реков, „нека ги решава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за тоа кој му е татко и како да го бара речи му дека ќе го посоветуваш дури кога ќе излезе од занданата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој проблем ја измачува веќе подолго време и се опира на многуте обиди за негово разрешување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Репродукции на нејзини скулптури биле објавувани во повеќе надреалистички публикации и учествувала на поголемите надреалистички изложби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еми Еми, на 23 години, побара помош во својата борба со anorexia nervosa*.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури и во 1960 Бретон ќе ги вклучува нејзините дела во надреалистичките изложби, иако во тоа време таа веќе подолго живее во Бразил.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-писателите, уметниците, изведувачите и музичарите веќе подолго од еден век создаваат оригинална култура, иако многумина од нив морале да дејствуваат под покровот на хетеросексуалните теми, а само неколкумина, како Волт Витман, Андре Жид, Томас Ман, Марсел Пруст, Редклиф Хал, Жан Жене и Џејмс Болдвин, можеле експлицитно да се зафаќаат со геј-теми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Двата пола на машкиот геј- субјективитет се претставени – соодветно, иако прилично чудно – од две класични американски новели, обете објавени пред повеќе од сто години.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Генеричката разлика што ја прави подлогата на оваа културна бинарност, значи, постои веќе подолго време. ‌Насловниот лик во „Случајот на Пол“ од Вила Катер (1905) во себе го втелесува сиот спектар на машкиот геј- сензибилитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Второво во негеј- светот наоѓа претстави што може да се претворат во изрази на машкиот геј- субјективитет или чувство – со малку дотерување, ако мора – и кои им овозможуваат на геј- мажите имагинативно место за влез во некаква настрана утопија, некаде отаде виножитото, која не е сосема нивна творба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Највидните примери на машкото геј-културно производство пред ерата на геј-ослободувањето лежат некаде помеѓу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа можеби и можеме да се согласиме со антрополошките претстави на првите сонувачи за секуларизирани политички уредувања, чиишто наследници сме ние.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На свое лично ниво во однос на тоа секој е искусен; ако говориме за нивото на колективните идентитети, можеме да се сетиме дека во Европа, и не само кај нас, веќе подолго време, а особено по падот на Берлинскиот ѕид, течат толерантни кампањи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нивната порака за целната публика е “бидете трпеливи кон странците”, но на аналитичарите им кажуваат, пред сѐ, дека толеранција недостасува, а истрајното повторување на тие кампањи дека недостатокот е хроничен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Доктор Гете вели дека, ако лудилото го нарекува психоза, ако нас лудите нѐ нарекува пациенти, ако лудницава ја нарекува психијатриска клиника, ако нашите лудости и глупости ги нарекува симптоми, тогаш ќе се создаде дистанца меѓу него и нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Но докторската етика веќе подолго време бара поинакви именувања.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тивко, но доволно цврсто му напоменувам дека жолтеникавиот господин Тест веќе подолго време страда од хроничен гастритис.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Веќе ништо немаше никаква смисла, а понижувањето поради некој национален пораз што веќе подолго време висеше во воздухот сега се спушти на него и му ја зароби душата како диво животно во стапица.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, тој јасно ја гледаше, ја чувствуваше болеста, оти животот веќе подолго време му беше на пауза и не беше способен да прави ништо друго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И да се стрчнел не ќе можел да ја стаса девојката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш престарен и наполно рассонет почувствувал дека во неговата утроба се кине нешто што било веќе подолго време клопче на болка и дека по сета снага му се разлева горчливост од која не ќе се ослободи долго време.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа општа ѓурултија никој не забележуваше дека Никодин веќе подолго време се држи за градите, борејќи се за воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа веќе подолго време волонтираше во Друштвото, паралелно работејќи на својата докторска дисертација со наслов “Ресоцијализација на алиенираниот човек во наши услови”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Така живееме веќе подолго време, единствено што навикнавме да веруваме дека таму некаде „зад аголот” постои еден суреден, транспарентен рационален свет, крај на историјата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
3. Во Маргина, сепак, е најбитно како, а не што, темите се скоро па небитни, така ли, веќе подолго време, а начинот, вештината доминираат, т.е.: ако ми треба тема ќе земам од ѓубриштето за рециклирање! (парафраза на сентенцата за „праќање пораки”).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сѐ ќе стапне во мирување кога ќе стигнеме во тој рационално организиран, совршен свет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Те бара веќе подолго време Виктор“, ми рече таа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Катерина изгледа сепак со право забележа дека ние веќе подолго време имаме зборно место и дека таа не гледа никаква опасност од загубување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваквото нејзино однесување во најмала рака ми се чинеше чудно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие веќе подолго време ме беа чекале, зашто без мене натпреварот во фудбал не може да почне.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Има еден проблем – ѝ реков – Огне е веќе подолго време смртно заљубен во некоја женска од неговото школо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Море, каква женска, што ти е тебе, има да ја заборави, само ако јас решам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На неа веќе подолго време стоеше вагон што нигде не патува и никого не вози.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)