веќе (прил.) - ниеднаш (прил.)

За сето време додека чекореше меѓу дрвјата тој веќе ниеднаш го немаше во себе она подмолно, проклето и застојано чувство од сите поминати денови за себе си сосема сам; постојано беше со оној напред; тоа сигурно и неотуѓиво му го носеше сето тоа време оваа крвава трага, што се протегнуваше меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А оној старец како да беше сиот останат тука.  Змејко сето тоа време се мачеше да не ја изрече докрај таа мисла, но мислата ниеднаш не го остави: Тие веќе ниеднаш нема да можат да дојдат заедно тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето она го виде само во едно обѕрнување наоколу со својот поглед, со кој ја изнаоѓаше за себе таа просторија, а после веќе ниеднаш не ги оддели очите од бичкијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш тој можеше да здогледа како се преметнуваат еден врз друг и како почнуваат да патуваат некаде кон југ сите тие памучни облаци, добивајќи и самите некаква потрусеност на сињак во своите израскинати параници и, уште веднаш, штом ќе му се стореше дека веќе ниеднаш нема да има над себе едно такво смирено небо, еден друг ветер, еден многу поблаг и попитом ветер, многу посилен со својата смиреност, ги земаше пред себе сите тие облаци и набргу потоа тие пак се распостилаа по сета небесна шир, питоми како јагненца и меки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ кај тебе е згодно и ти си еден таков самјак, каков што јас веќе ниеднаш повеќе нема да сретнам; кај тебе е сѐ згодно, но ти би требало да сториш така.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А мнозина го заборавија тоа така, за веќе ниеднаш да не можеш да ги потсетиш на тоа; беа послаби и отидоа со него и не само затоа што немаа доста здрави раменици за да останат сами во снегов и да му се допрат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)