веќе (прил.) - некако (прил.)

Се поохрабруваш пак, нешто те држи сепак ти го крепи духот, тие веќе некако ќе ти го одредат талентот, знаат тие, проклет да бидам, знаат, знаат кој колку пари чини.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Главно е да сме живи, веќе некако ќе се преживее, вели мојот познаник.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби на некој вечно неодреден начин, се надеваме да привлечеме и други: поточно, да ги измислиме или да ги откриеме другите кои сѐ уште ги нема - но кои тоа веќе некако го знаат а можеби знаат и повеќе од нас.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вплеткувањето на другиот, кого можеби веќе не смееме да го нарекуваме „читател”, е нужен иако секогаш неизвесен против-потпис. Тој секогаш мора да биде непретпоставлив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)