веќе (прил.) - надвор (прил.)

Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Паметам дека бев веќе надвор кога слушнав како плачот на Самоников уште повеќе се засилува и, што беше најстрашно, тргна да ме следи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никогаш не ми се случило нешто слично: плач да ме следи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)