веќе (прил.) - еднаш (прил.)

Дали е доволно тие само да се дискутираат во кулоарите на научните конференции, на страниците на дневниот печат или, пак, мора гласно да се ‘ѕвони на сите ѕвона’? 8 А дека мора гласно, одлучно и со сите сили и средства да „ѕвониме на сите ѕвона“ ни укажува и фактот дека овој болен синдром, од канцерогена [малигна] провиниенција, е дијагностициран и кај нас во Македонија – кадешто, во сферата на трудовото право, погледнато од еден аксиолошки дискурс, дополнително цути и енормна правна инфлација (презаситеност на системот од прекумерно правно нормирање – претежно со лоши, од номотехнички аспект неконзистентни и конфузни закони), како и правна несигурност (еродирање, со текот на времето, на веќе еднаш здобиените и стекнати права од работен однос).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мими: Ох, замолчи веќе еднаш, те молам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Младичот: Но!...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Реката секогаш повикуваше некаде, да продолжиме со селидбата, кон непознатите предели, кон морето, кога веќе еднаш сме се откорнале од родната земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Шефот го прекори: Започни веќе еднаш со прашањата, нè чека голема работа, има многу кози во Козар маало. – Заедничката несреќа е помала несреќа! – изусти тивко мајка ми, повеќе за себе, но во тие мигови ние децата ја впивавме и самата тишина, па ги примавме и нејзините сигнали.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми рече дека имал триесет и пет години, дека знае оти е крајно време да се ожени, но бидејќи нема постојани приходи, ниту посебен стан в град, а од Маказар веќе еднаш заминал, бегал од мислата за таа работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сето ова просто ме тераше да говорам веќе еднаш со воспитачот, зашто одлагањето стануваше невозможно и беше неразбрано.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Корилче одвај чека да оздрави таа веќе еднаш, да си играат пак заедно, зашто тој ја сака многу повеќе од другата сестра, Верка, што често дури ја кубе за коса.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И смртта, престани веќе еднаш залудно да ја обвинуваш поради нејзината неагилност.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Врати се веќе еднаш од тој проклет службен пат!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
• Потиснување. Заборавање и заборавање на веќе еднаш заборавеното.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Плачевме, иако пред малку сите ни зборуваа да запреме веќе еднаш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Размисли веќе еднаш колку е важно учењето. . . Редовно сакам да ми доаѓаш. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Јас, навистина не разбирам, синко, - се вмеша чичко Лозан, - зошто веќе еднаш не удриме на овие гадови.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа го знаеме и по надвикувањето на првите петли, а и по долгото чекање да згасне веќе еднаш виделината во куќата на кметот. И згасна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ти си Марко, но веќе еднаш треба да сфатиш - не си ти Крали Марко со боздоган - иако баба ти те вика Крали Марко!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
До кога ќе делиш правдина?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нели го реков тоа веќе еднаш?“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ги повикуваше сите шлепери на реката, сите, и целиот град, и небото, и полињата, и нас, сите да ги повлече, и Сена, и веќе еднаш да биде крај“. превод на двете интервјуа: Г. Н. Ом 38 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дали некогаш сте имале шеф кој имал обичај да ве прекинува среде реченица и нетрпеливо да бара веќе еднаш да бидете конкретни?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали е, значи, можно некои луѓе намерно да се трудат да бидат непријатни или ние само не им ги разбираме комуникационите потреби?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Комуникациони стилови и типови во бизнисот Каков си бе ти тип?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зар не мина веќе еднаш нивното време? Се слушаше од сите страни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Второ, во случајот кога некое лице е во работен однос и истовремено остварува дополнителни приходи преку хонорарно ангажирање, тоа е принудено по втор пат да плаќа придонеси, иако веќе еднаш придонесите ги платило како вработено лице.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Жителите на Потковицата, сите од ред, и христијани и Турци, и мало и големо и машко и женско претчувствувајќи зло од двете страни, од гласот и од Арслан бег, кој, небаре померен, продолжуваше да ака низ полето и да стрела во празно и во сè што ќе му се присенеше пред очи, претрнати од страв да не ми се стори пакост на некого од луѓето, нетрпеливо очекуваа да се изврши веќе еднаш тоа, споделувањето на мегдан помеѓу нив двајцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сум бил јас, Луцијо, сум бил веќе еднаш и момче, и девојка, и грмушка, и риба што скока од водата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека се сончам таму долу во Њу Орлеанс, ќе помислувам на вас овде момци, како накиснувате до гола кожа.“ „Тогаш оди,“ рече Пикник, „оди веќе еднаш.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Откако ќе ја прими, ќе биде ли подготвен со својата рамнодушност уште да ја прима доблеста, да ја намами кон себе, со помош на онаа, што веќе еднаш ја примил?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Гладот за духовна храна се дели на два вида, глад за изопачена духовна храна, за тоа веќе еднаш ти зборував, и глад за вистинска духовна храна – рече старецот. – Човекот се храни со погрешна храна поради незнаење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таму, каде што никогаш нема да пропадне она што еднаш веќе пропаднало, а сѐ пропаднало веќе еднаш, таму каде што сѐ е зачувано и заштитено во вечноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму каде што, низ безбројните пресеци, секој гест и секој збор, секој насмев и секоја солза, секој занес и секој очај, го имаат своето оправдание и смисла, смисла која нам сега ни е недофатна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бараше врски, бараше разрешница, бараше вистински одговор за излез и сакаше ова лудило веќе еднаш да престане...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Тој веќе еднаш си го одбра патот кога реши да остане во Памфилија наместо да продолжи да патува и да ја шири Радосната Вест“, му рече тогаш нестрпливо, но Варнава упорно продолжи да го убедува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секогаш се обидуваше во нив да најде одговор на своето суштинско прашање – кога веќе еднаш ќе почне да живее?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ЛУКОВ: Зборувај веќе еднаш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ИВАН: Не само поради тоа. Најпосле, заборави го веќе еднаш сето тоа. Не мисли повеќе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: Замолчете веќе еднаш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Што се мислиш, пупунецу мој, ми вели, тргни веќе еднаш, искачи се уште малку нагоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Пак? - Што пак? со очи на желка погледнал Гавруш Пребонд во старешината на селото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Веќе еднаш си го тепал и си му ја кубел брадата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Добро, тето, ќе нѝ кажеш ли веќе еднаш каде се наоѓаме? Не го видов името на местово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Добро тето, ќе ми кажеш ли веќе еднаш кое е твоето изненадување? - се сети Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ајде де! Кажи веќе еднаш, денес ќе ти исполнам и три ако треба... - се разнежни Никодин полнејќи ја испразнетата чашка со ракија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Замолчи веќе еднаш и стави нешто за јадење на масава. Оној воз ми ги растресе џигериве.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Кажувај веќе еднаш, доста глаголиш во празно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Предвидените триста метри се направија, нека решат веќе еднаш да ја изградат куполата на врвот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога веќе еднаш ќе помине бурава? Нека стивнат тие диви ветришта, веќе сум уморна. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Немаше таков што потоа станал од земјата ако веќе еднаш летнал од прозорецот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Меѓутоа тој посочува пат што кај нас не беше возможен: усното творештво, подложно на профаните елементи, лесно го асимилираше и новиот книжевен материјал од преводите за тој, дури потоа, да повлијае, веќе еднаш асимилиран, врз новата пишувана литература.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Излез за итни случаи - научи веќе еднаш да не ти биде гајле!
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Што може да се случи? Газиш по истите стапки и фаќаш на истите места каде веќе еднаш ти фатила раката.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повторно најстојуваше да се види со Злата, но и последната нишка надеж му ја скина мајка ѝ нејзина која кога го виде, му рече: - Дете, тргни се веќе еднаш од ќерка ми...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чувствуваше дека со него пак се случува нешто, дека пак го обзема жал за татко му и чинеше сè да му угоди, да му мине кризата, да го испреболи веќе еднаш тоа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Фрлав на рулетот пари, играв, а тој постојано ме тргаше за раката, за чантата: Доста, ајде веќе еднаш да си одиме, викаше, викаше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако технологиите и информациите се веќе еднаш познати, тоа е слично како со сончевата енергија: како можете за себе да барате монопол над сонцето?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вреди да се ризикува, за да ги види веќе еднаш своите луѓе, за да се ракува со нив, за да го чуе повторно човечкиот глас. ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Секни веќе еднаш, ти чешмо од Охајо, помисли, а потоа испразни ја чашата со врвно бордо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Си подвикнуваат: талкачи од сите земји - одталкајте веќе еднаш!
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Било што, само ова веќе еднаш да се заврши.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Многу милно ми рече „чао". Можеби ми рече и нешто друго.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Марко уште погласно почна да плаче, а јас сакав да ги земам листовите и да одам да му ги пикнам во уста за да замолчи веќе еднаш, но знаев дека потоа ќе ми биде жал и затоа се повлеков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Исчисти се веќе еднаш, за да ни дојде некоја друга – нова, млада, убава и благоносна, каква што беше ти кога прв пат стапна на нашиве простори!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Живот свој живеј, почни веќе еднаш, почни веднаш, вистина да гледаш, престани замолчен да бидеш.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
И кој си ти? Ќе ми кажеш ли веќе еднаш? - го премерив со поглед.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Наместо да губи време кај тетка Маја, - си помислив, - би можела веќе еднаш да почне да го пишува романот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Престани веќе еднаш!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Саше не е од оние деца што уживаат да се тепаат но, ако веќе еднаш почне, знае и да биде незгоден.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- И, те молам, прекини, не знам само како веќе еднаш таа тема не ти здодеа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го имам веќе еднаш гледано во Белград на Фестивал.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На Тета, која, како што веќе еднаш порано реков, ѝ е најмала сестра на мајка ми, не ѝ се случувааат такви работи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А, таа Бреза, ќе порасни ли веќе еднаш?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Остана уште обврската внучињата на баба Петра и дедо Костадин да ги подготви за враќање кај нивните родители, дури не смее ни да чека ако веќе еднаш овде се појавиле од црвениот крст, туку да се загне самата и да ги пронајде кривулестите патчиња што побргу ќе ги однесат во родителската прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога имав осум години, сакав да имам дванаесет, кога наполнив дванаесет, се си велев, ќе станам ли јас еден ден голема, ќе престанат ли веќе еднаш да ме сметаат за дете?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сè заврши среќно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одвај чекав да се вратиме во Скопје и да му кажам на брат ми дека и јас конечно видов срна, за да престане веќе еднаш да ми се фали и да ми прави мака со тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога веќе еднаш ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Престанете и двајцата и кажете ми веќе еднаш што се случило!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што не дојде веќе еднаш мајка ми, да ме откачи од оваа досадија, - си велев – отсекогаш била влечка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој еднаш виде и зајак, а мајка ми... за неа да не зборувам, штом ќе излезе и ќе заталка некаде, па ќе се врати по којзнае колку време, постојано има да раскажува за средби со животни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу му е гајле за мене. Тој можеби и веќе ме заборавил.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислите, моите нерви се од железо, а?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе пораснам ли јас веќе еднаш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што прави толку долго? Од кога ја чекам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ајде, јави се веќе еднаш на тој твој газда и кажи му. Ајде, те молам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)