веќе (прил.) - доцна (прил.)

— Му се овргали јузбашијата и нареди да го кутнат и бијат.' Списка Милан колку грло што го држеше, повеќе за да чујат четниците отколку од болките, но беше веќе доцна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аир ефендум, какви комити барате од мене, мирна раја! — се правда Милан, но ќотекот се продолжи, и по заповед на бимбашијата Милана го обесија на еден даб.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше веќе доцна. Маркос своите луѓе ги врати на север.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, затоа што беше веќе доцна есен, иако топло и пријатно, брегот и летувалиштата беа опустени, со многу посетители, а на морето просто не можеа да се забележат капачи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше веќе доцна ноќ, гледаше кон Тврдината, некогаш јаничарска касарна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога станавме свесни за можните последици од таквата игра, беше веќе доцна за враќање назад.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше веќе доцна, можеби час, два пред полноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сите ние знаеме дека смрта е неминовна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Затоа што чувството е проклето тешко кога ќе станете свесни дека за тоа е веќе доцна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега е веќе доцна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега, е веќе доцна!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Доволно ти кажав!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме слушаш ли?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се обидоа да му помогнат, но беше веќе доцна.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа ја има незгодната страна да ни намигне или да ни се искриви, дури по свршениот чин и... кога сѐ е веќе доцна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)