веќе (прил.) - доста (прил.)

Мина веќе доста долго време кога тој си дојде на себе, затоа што зад прозорците беше длабока ноќ.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Отсечената глава се стркала по асфалтираната надолнина и се удави во реката Е., а самиот студент се најде во длабок заборав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
КУМОТ: (се пушта од орото). Сега веќе доста е за нас старите.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Врие во себе, тој суров човек не се окривува себе, не ја окривува ни најмалку својата дрчост, а го окривува само Пискулиева, кога престана да го вика кај себе и веќе доста студено го поздравува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)