веќе (прил.) - дефинитивен (прил.)

Го зедов револверот и се доближив до вратата зад која се распознаваа гласовите на Катерина и Јана како и гласот на Непознатиот за кого сега веќе дефинитивно знаев дека му припаѓа на Мирко Бунде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Жилберт&Џорџ, веќе дефинитивно средовечни, креираат Rave-уметност на некултивирана бука!
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Квази-религиозните асоцијации на овие иконички панели, модерни верзии на христијанските витражи, особено наликуваат на танатопсис.* Во суштина предизвикувајќи декадентни, fin-de-siecle, и доцно-романтичарски ставови, некои понови дела можат да се гледаат како големи салонски слики богати со морбидна Викторијанска сентименталност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А, тоа утре кога веќе дефинитивно требаше да те земеме дома, беше недела.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Вратата не беше заклучана. Како што предвидував и тројцата седеа на софата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)