веќе (прил.) - далеку (прил.)

Тие беа некаде долу, во некакво подземно место - на дното на некој бунар, на пример, или во многу длабок гроб - но тоа беше место кое, веќе далеку под него, и самото се спушташе удолу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бев далеку од родителите, веќе далеку и од сестрите затоа што тие продолжија со засебен живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Зајачињата, што се беа скриле, откако се уверија дека Волкот замина и е веќе далеку, дотрчаа до дупката.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Гласот му звучеше помирливо, забите веќе не ги парчосуваа зборовите: - Да одиме ... Нашите се веќе далеку.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неколку утови, секогаш невидливи, ме разбраа и со крик ми одговорија од покривите на Шумшул – град.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Та тоа и сега останува да биде единственото, што вредело и што вреди, само веќе далеку од моево расколебано знаење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Сега сме како двојка, - му довикна Горда од нишата, - што си здосадила во бракот, - па се насмеа на сила во еднособниот стан.  - Баш, - ѝ потврди Грдан, уште со неа во видното поле, но веќе далеку во од неа мислите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ние бевме веќе далеку и спокојно си починувавме на брегот гледајќи го црвенилото со кое зората го премачкуваше сртот на планината.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Иако рака на срце, многу ставови од неговиот текст имаат свој (далеку од весел, но зарем сатирата е само церење и клештење на забите?) одраз не само во руската, но и во нашата стварност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Евгениј Попов - автор сé уште надежен, но веќе далеку од млад.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)