веќе (прил.) - трет (прид.)

Јас бев веќе третата генерација.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И, бидејќи тој веќе трето колено беше син единец, па од еден син на еден, најпосле со Илета Брчалото од Веговци не остана ниеден.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше тоа веќе трето писмо што го започна, и туткајќи го испишаниот лист хартија.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, само еден или два погрешни чекори и веќе третиот не го простувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Личам на деда си, - се насмеа момчето и се стрча кон поточето, кон длабокиот вир, да ги лови неуловливите пастрмки, што со денови ги гледаше, а веќе трет ден се обидуваше да ги улови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој, можеби, не ќе сакаше да се занимава со толку здодевна работа да не го побудува кон тоа неговата природна добрина. 136 okno.mk - Здраво, сирота, - обично велеше тој, штом само ја пронајде најсакатата женичка, во искинат, сошиен од закрпи фустан.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Од каде си, кутра? - Јас, господине, од селото дојдов: веќе трет ден не пиев, не јадев, сопствените деца од дома ме истераа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)