веќе (прил.) - стар (прид.)

Рано е отелена, а изгледа теленцето е слатко, не може да а повлада, — се јавува Никола Косов, еден од многуте мераклии на убаво винце, поубава ракиичка и најубави невести, иако веќе стар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може да не ја погодам, рекла, веќе стара сум, а со стрелањето во капсат може само ќе ја предизвикам за кога ќе ја креваме, или после некогаш, ако ја оставиме овдека, сама од себе да пукне и да убие некого.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа викнала по Тодија да ја дотера колата и сите заедно, лека полека помагајќи си со штрангите што си ги понесоа од дома, ја натовариле бомбата на кола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури тогаш се покажа женското суштество, што покрај дедо Иван ја обитаваше оваа куќа, единствената негова ќерка, веќе стара мома од близу четириесет години, мала и спечена, со добродушно и виновно усмевнато лице, малку дури поцрвенета, срамлива.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ти Христина гледаш, - продолжи татко ми, јас сум по цел ден на работа, тетка Рајна е веќе стара, а и болешлива.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Беше крупен веќе стар човек, црвен во образите и, се сеќавам, скромен во давањето подароци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајсторот Ратко беше веќе стар човек. Често поболуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филмот продолжуваше, враќајќи се во сегашноста, кога Марсиа е веќе стара и го завршува раскажувањето на својата трагична љубовна приказна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не беше веќе стариот лаопланос, сѐ што ќе кажеше сега беше некако изнудено, од немајкаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ги собереме селаните да видиме, што има по некоја пара да ви дадеме, па за друга година кажете ни, колку можеме ќе толчиме глава, ќе даваме, нема што, ако веќе старите бераати не важат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеше да си го издува сопствениот нос, да си ја избрише устата, да јаде, да стане, самиот да излезе и да ги прави поголемиот дел од работите, но беше и преседнал на мајка ми, која што беше веќе стара жена со нарушено здравје.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Освен тоа, таа не можеше да го чува него заклучен, а не доаѓаше никако предвид тој да оди на улица во таква состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас сум немоќна, а и веќе стара да заминам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)