веќе (прил.) - возрасен (прид.)

И така, во седумдесеттите години на дваесеттиот век, според неговите процени, не постоеше никаква опасност, ни за него ни за семејството, да ни ја открие нам, на неговите деца, некои веќе возрасни, тајната за роднинските врски со Фатхи-беј Окијар, да ни ја открие тајната на својата цариградска младост и, конечно, да ни проговори за средбата со Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Љубопитните и заинтересираните ги упатувам на фељтонот од Ванчо Андонов, објавен во „Нова Македонија“ (1973), како и на написите во врска со натамошната судбина на веќе возрасната девојка, објавувани во истиот весник, како и во весникот „Вечер“.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нумо тажно се насмеа и рече: - На ми ти цигара што не штипе како лист од леска зашто ти си веќе возрасен и голем, иако униформата, гледам, ти е уште поголема...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Мора да сте биле веќе возрасен човек пред да се родам јас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По години, веќе возрасен, по долгата, неколкугодишна разделба и средбата под туѓо поднебје, од мајка ми ќе слушнам: - Ни рекоа дека штом помини лошото децата ќе ни ги вратат и тоа по дваесетина денови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога се чу за тоа во Потковицата, Началството на Потковицата по заповед на Комитетот од Прилеп, плашејќи се за животите на преостанатите деца Младенови и Спасиини, двете веќе возрасни девојки, Марија и Акинија, ги омажи за свои луѓе од делот на Македонија под грчка окупација, во Солун, далеку од досегот на српските власти, а двете помалите, Софија и Нектена, ги испрати во Крушово, кај вујковците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)