веќе (прил.) - кон (предл.)

Тој, во чудниве мигови на занес, дури и ги наслушнуваше одѕивите на своите чекори што го водеа веќе кон неа, кон таа висока и светла градба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Контактот меѓу двата југословенски оддела – СОЕ и ОСС – бил редовен и постојан и веќе кон крајот на јуни 1943 година мајорот Луис Хјут, кој бил раководител на Одделот на ОСС во Каиро, ги имал сите информации за ситуацијата во Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Веќе кон крајот на VI век Словените ја преминале р. Дунав, а Византија, ангажирана во војната на исток со Персија, не можела да се спротивстави на словенско-аварските напади.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дури и не гледаше веќе кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како и Британците, и Американците ги поддржувале и Тито и Михаиловиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Сонцето кое паѓаше веќе кон запад, ни биеше в очи и зелените падини од планината наспроти ги гледавме само како темни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)