веќе (прил.) - без (предл.)

Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој зборуваше веќе без сила, колку да не замолчи одеднаш. После стана и се зашантра надвор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Војводите пак го целивале и му рекле дека мајсторите можат веќе без него, тој нека собере сѐ што може да застане на нога, старо и младо, машко и женско, на незаштитените места на гратчето да се постават камени појаси за одбрана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Војводите го целивале и му праќале од своите трпези дебели овновски опаши и густо вино но тој, кашлајќи тешко, изблул од уста бели парченца дроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И јас не можам веќе без тебе, ѝ рече тогаш а таа не рече ништо само се грчеше кај него исплашена од грмотевиците.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Долната вилица му се тресела пред тоа, ја слушале ѕвечавата приказна на здравите катници и веќе без збор на надеж, рисјанско сочувство на утеха, па макар и лажна, бегале од лепливоста на неговото грлено штукање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знам само дека не можам веќе без тебе. Беше студент, над него шуштеше Кумовата Слама на августовската ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)