веќе (прил.) - потреба (имн.)

Совладувајќи ја зависта што е услов за причинување на злобни дела, тој нема веќе потреба да прави злосторства.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Победувајќи ја лакомоста што е причина за себичност, тој нема веќе потреба од жалба – продолжи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Нема потреба тета Роска, нема веќе потреба од договори“, се поплукуваа и чукаа во дрво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Победувајќи ја тромоста што условува губење на ентузијазам, тој нема веќе потреба од самообвинување: неговата самопочит се зголемува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Издивна пак длабоко и замолча. Не чувствуваше веќе потреба да зборува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Победувајќи ја болеста што предизвикува огорченост, тој нема веќе потреба од самосожалување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)