веќе (прил.) - време (имн.)

Нема веќе време за одложување импровизации, за „ќе биде“.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
А сакам да ви пригода по некој сомун за пат, оти веќе време е да се разделиме и секој да си а гледа работичката, кога веќе му се издутнаме на Бахтијара вчера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Останаа да се дечкаат до некое време Перевци и Борисовци, додека најпосле пред зората не ги навали сонот да продремат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имајќи ме мене, тој зајде и така се најде во противречност и сега, како што вели и самиот во една своја песна, ќе мора да ја повторува лекцијата на животот, ако воопшто има веќе време и ако воопшто има веќе пред кого, да ја раскаже таа лекција и одново да го положи испитот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ИЛИЈА: Така, бабо Анчо. И јас веќе како права мајка ќе те сметам. А сега веќе време е да си одам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Наеднаш застана и се насмевна: -Во полето, секогаш оставав траги зад себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Беше веќе време - здивна таа кога се качивме на височинката. А потоа прошета по тумбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тија ми се сите партизани, еве веќе време три години откако се борат за слобода.“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
И така вечерта се раскарале меѓу себе, та ќе се избијале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Таа ставила софрата само со леб и сол, а тавата со рибите не ја ставила, нито пак му казала м'жу си оту имало готоа тава со риби.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ораешчем таја расфрлила по браздите рибите, шчо беше и донесла завијани во скутникот си, а коа приближило веќе времето да станит м'ж је од ручекот, се наведила, зела една риба и му извикала: - Ја види, м'жу, шчо си најдов!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Освен тоа веќе време беше да платам кирија за својата соба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„А јас ти реков дека сечкам лозови прачки за потпалок.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар не е веќе време? Мина зимата“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, се созеде, а го ограничуваше и фиксираниот поглед на Јагулчета кој го одмеруваше секое негово движење, мислејќи дека е веќе време да дејствува како директор на изградбата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Садевме тутун, па немав веќе време за да му се препуштам на размислувањето за мојот убав пат во животот за каков со ноќи мечтаев, за градење на мојот иден живот со најубави мисли кои никогаш не можат да се запишат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)