веќе (прил.) - ѝ (зам.)

Како можам да мислам дека баџанакот веќе ѝ го сторил на жена ми она што јас ѝ го мислам на жена му.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ребека беше русокоса. На лицето веќе ѝ беа врежани првите брчки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Значи, точно е она што го рече чичко Петре: на тетка Анѓа веќе ѝ е подобро.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таму тој веќе ѝ имаше пратено нишан на стројничката Мискарица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не знаеше што ќе може да смисли, но веќе ѝ се фалеше на Вера: „Ќе видиш! Јас секако ќе смислам нешто!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И додека шетаа низ градината, Даниел беше длабоко навлезен во она што веќе ѝ го раскажуваше за ова место.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И Кети почна да ја објаснува приказната што веќе ѝ ја имаше раскажано на Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Понатаму мораа да кружат низ Калифонија кога стомакот веќе ѝ се познаваше и сѐ што им беше останало беа нивните црни кожени јакни и накитот од сребро и тиркиз којшто некако го стекнаа во Галуп или Флагстаф.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Далтон непрестано зборуваше за комплетот тапани и тврдеше дека тие всушност се негови, па ги продадоа во Рино и живееја на четирисеттиот кат во еден стар хотел со поглед на планините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Три недели се служеа со room service и за тоа време таа престана да повраќа.После тоа возеа низ Невада уште некое време додека комбето пак не се расипа на другата страна на државата. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 163
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Телото веќе ѝ беше здрвено. Ја завиткавме во чаршаф така склопчена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Како фетус,“ реков, кога ја изнесуваа од собата за која велеше дека е матка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како некаква бездна да зјае помеѓу оние кои меѓусебе се сметаат за нормални, и оние кои нормалните ги прогласиле за луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога синот исчезнуваше во зградата, мајката стануваше, и лицето веќе ѝ беше потполно изменето (како на него одеднаш да се спуштила некоја несреќа, но не нова, тукушто дознаена, туку некоја долга несреќа, која веќе не предизвикува ужаснување туку се носи со некакво помирување кое во себе има само мачнина), и со уморни очи, и исто такви движења, се упатуваше кон излезот од Гнездо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ги имаше гушнато и двајцата, а јазикот веќе ѝ се плеткаше кога рече: „Македонците сакаат само да се забавуваат, да играат и да пеат – затоа никогаш нема да војуваат, а камоли да добијат некоја војна“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Очите веќе ѝ се суви и ширум отворени. Се преплашува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пред да ја изгради таа увереност, веќе ѝ говореше.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Токму за најголемото „немам решение“ времето не стоеше, туку леташе, а стомакот веќе ѝ се доближуваше до забите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Замина да ја досее пченицата на која веќе ѝ одминуваше времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада и овојпат без заобиколување му ја раскажа на Никодин приказната која веќе ѝ беше позната на Светлана за малтретирањата, понижувањата, крвавите ноќи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Куманово веќе ѝ е премногу тесно. - Како тесно ѝ е? - мумлаше лигавејќи се.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Добровечер, чичко Раде! - ова чичко сега веќе ѝ звучеше помалку чудно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сè додека имам капки живот во себе, тие ќе се слеваат до врвовите на боските за да го хранат детето што го родив, а оној ден кога веќе нема да имам млеко, тоа ќе ја испие мојата душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Шамијата на главата веќе ѝ беше мокра, а очите ѝ се полнеа со солена пот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Аванос, си го чу својот глас, си го препозна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Камениот ѕид веќе ѝ нараснал до градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но тој веќе ѝ го имаше фатено фустанчето и ѝ го тргна нагоре. Таа го стискаше со рацете и не го пушташе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Маките веќе ѝ истрга шо и истрга, баре дај ми здравје и живот и мене и нему, да поживеа и јас како сете сестри — сиромашки и да се нарадуам како неј.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Верувајќи дека овие си­но­ви веќе ѝ се на добар пат, дека се спасени, Мајка си ја имаше сега грижата за нас, помалите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И кога ќе легнеше да спие, и ноќницата што ја носеше под расото, ѝ беше исто така долга за да не ѝ се види белата кожа на телото, која веќе ѝ стана одбивна и ја гледаше со преѕир.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ете, и тоа ми го имаше речено иако не се сеќавам во какво време го тропна; дали пред да ѝ ги донесам симидите или кога веќе ѝ ги подавав?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си мислеше тогаш Гркот дека тргна по трагите на Александар Велики и не тераа да пееме небаре нашиот чекор веќе се слуша отаде Турција и веќе ѝ се заканува на Персија и преку неа на Индија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мртвилото веќе ѝ тргнало, ама убавината уште ѝ се познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Силата веќе ѝ беше одземена од студот, а тежината и тромоста зголемени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето друго е лага која толку често ја употребувате што веќе ѝ верувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)