веќе (прил.) - тој (зам.)

А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Донеси го веќе тој ден судбоносен избави не од проклетијата вечна избави не Господе од овој коњушарник стадото не може повеќе да чека
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во следниот момент веќе тој лукаво му се насмеа и си ја избриша со белото шамиче потта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А кога ќе му заѕвониш, веќе тој одлучува дали комуникацијата ќе оди во твоја корист или не.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За тоа време, пак, додека чекаше да види што ќе сторат сега Турците, старецот загрижено се прашуваше дали му успеа планот, дали успеа да ги смилостиви со тоа што ги дочека со добре дојдовте, со леб и сол, и потем, оти тие не нападнале првин таму, на Имотот, кога веќе тој прв им се испречуваше на патот, туку дојавале овдека, во Дупка?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Никола...“ Ги покри очите и залипа, и веќе тој, иако пред него беше болен, не можеше да се чувствува како лекар.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)