веќе (прил.) - треба (гл.)

Ако веќе треба да седам и да ја гледам истата работа што ја гледав и синоќа, јас тогаш не сакам да биде во суштина иста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ники Хаслам ме однесе кај неа на вечера во станот на Парк Авенија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, што се однесува до мене, јас немам врска со тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа беше и главната причина за влегувањето на оружените нивни чети во ерата на пописот на „нуфузите” во Македонија, особено кога веќе требаше да се воведат предвидените Мирцштетски реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако веќе треба да се одбира меѓу кич, пошлост, trash, меѓу bad и BAD, го одбирам едноставното, непретенциозно ѓубре. Trash, ѓубрето кое не ја крие својата природа, кое е еднозначно и вулгарно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега веќе требаше да се тргне.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И Чакарвелика знаеше дека веќе треба да има каже, но не знаеше како.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби... Што можеби. Тој веќе требаше да биде овде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Така луѓето си го фатиле редот: Штом ангелите ќе ги запалеле ѕвездите, тие знаеле дека е време да си легнат, а штом ангелите ќе го запалеле сонцето, си знаеле дека веќе треба да се станати и веќе по нивјето и по добитокот ако сакале да имаат што да јадат и да может да живеат...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се измив од малкуто вода што ја чував во мала лимена канта со чешмичка, се облеков во онаа жолта летна блуза со куси ракави, која ја носев сите последни недела-две и која веќе требаше да се пере, потоа ставив кафе на плинското што стоеше во длабокиот прозорец како на масичка, и пиејќи размислував за одлуката што требаше да ја донесам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како ли им е на душата, си мислам на оние дваесет ополномоштени бирници, од кои секој со по дваесет души на коњи, кои се распрснуваат да го збираат харачот, знаејќи дека во август веќе треба да се вратат кај господарот и да му избројат до пара осумстотини и педесет илјади дукати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше студено, Бојан чувствуваше дека веќе треба да се прибере внатре, но мислата да се затвори толку рано му беше непријатна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
До сега веќе требаше да разбереме дека преживувањето на малцинствата е прашање на живот или смрт за самато општество.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А кога измина сиот тој пламен, оставајќи по себе миризба на испрелена волна од неговото облекло и искрички, што шетаат по изгорените лисја гаснејќи, тој можеше да открие дека пламенот беше го зафатил скришум од него целиот пар, на кого беше запален, и сега веќе требаше многу мака за да го задржи во рацете сето тоа затлеано, трпеливо горење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега веќе треба да се мисли за натаму.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Според нив, ако веќе требало некој да биде обвинет за таквата советска политика на Балканот и за наметнувањето на комунистите во народноослободителните движења во Југославија и во Грција, секако не бил СССР туку "тоа сме ние самите".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој момент сметале дека "Русите само може да седат во заднина и да гледаат како ние ја вршиме нивната работа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, автобусот и покрај тоа што спрема часовникот на човекот во сина облека веќе требаше да биде тука, сѐ уште го немаше да се појави од онаа страна на улицата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Татко ѝ велеше на мајка: За Јована ни даваат невеста и ќе земеме, туку за Анѓа веќе треба да мислиме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Фотевци појдоа преку планина, на другото езеро, да посетат таму некои пријатели што летуваа по вили и викендички; а Богевци, покрај езерото, право дома, зашто преку ден веќе требаше да се јават на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мама го одведе Зоки во зоолошката градина. Зашто тој веќе треба да научи како се викаат некои животни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но, автобусот, и покрај тоа што спрема часовникот на човекот во сина облека веќе требаше да биде тука, сè уште го немаше да се појави од онаа страна на улицата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Луѓето, колку подолго чекаа, толку повеќе се уверуваа дека не дошол никој друг, туку Иле Вегов - Брчалото, за кого сите тие беа сигурни дека ако воопшто Иле Вегов - Брчалото некаде на светов останал жив, тој сега веќе треба да биде умрен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Една недела помина откако ги редија растенијата во училиштето, а веќе требаше и дворот да се подготви за зимскиот сон.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По моето броење веќе требаше да е отелена, ама, еве, уште не е. Сигурно сум ѝ ги згрешила месеците. Еден ум е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)