веќе (прил.) - сфаќа (гл.)

Сакаше да ми каже, но што? се прашував навреден и веќе сфаќав каква крв имаме ние од Кукулино: не простуваме, тоа е нашата најголема мака што или гроб отвора или до гроб доведува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го нурнав влажното лице в дланки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти на стрика Анѓела му ја отпеа песната на Алилово, рече тој, веќе сфаќајќи дека греши што го спомена стрика Анѓела, но оти од виното и од лутина не можеше да се додржи, се доизрече: Ама и тебе ти се пее песната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Момата на Роса си седнува во топлиот брлог, а Чана веќе сфаќа дека човекон кој по сѐ изгледа е железничар, ги враќа луѓето во вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)