веќе (прил.) - работи (гл.)

Ариана, меѓутоа, ја набљудуваше надоаѓачката река од лава со искусно око на некој кој веќе работел на тоа Ниво од стварноста.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но значајното лице, меѓу другото сосема задоволно, од домашните семејни нежности, сметало дека е пристојно за пријателски односи да има пријателка во другиот дел на градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако сака да биде поп нека биде поп убавата Пела! уште повеќе се разлутуваше Дончо од што нозете почнуваа побрзо да му се движат и скоро како коњ во галоп поминуваше покрај работниците што веќе работеа низ стопанството.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На Галимар му должам шест милиони... морам да продолжам... веќе работам на нов роман: секогаш иста граѓа... Ситнурија е тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој го беше завршил средното ветеринарно училиште и веќе работеше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Изложбената сала, убаво осветлена, гледа право на улица каде што веќе работи корзото.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Два сина, од кои едниот веќе работел во канцеларија и шеснаесетгодишна милолика ќерка со донекаде искривено, но убаво носе, доаѓаа секој ден да му ја бакнат раката со зборовите: „bonjour, papa“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)