веќе (прил.) - почнува (гл.)

Веќе почнуваше да ми надоаѓа мачнина од муабетот, но се оправда кога кажа дека фатил заушки кога бил во Скопје, на што се направив дека му верувам, зошто имаше доказ дека навистина тој период владееше таква епидемија, тоа го имав слушнато од вестите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сланината веќе почнуваше да се топи, маста паѓаше врз жарта, предизвикувајќи мали пламенчиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Веќе почнува да пелтечи, да си ги поткасува зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така, така, до пет часот изутрина. Иследниците веќе почнуваат да се тегнат, да се проѕеваат и по тоа знам дека почнува да се разденува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стоеше увиснат во таа изумрена просторија, а сите болки во неговото тело веќе почнуваа да се здрвуваат и да завиваат во секој зглоб, со својата остината оловна грутка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој далечен живот, сега, наеднаш, криеше толку многу примамливости за него, што тој веќе почнуваше и да сонува за селото и за сите луѓе во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Благите налети на југовината ги пробиваа патиштата низ негостоприемчивата долина и веќе почнуваа да трубат во крошните на дрвјата, од кои беше испаѓан сиот окит и тие стоеја мирни од двете страни на долината, црни и покиснати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Е сега веќе почнувам да сфаќам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дора веќе почнуваше да се лути од што ѝ беше здодевно на тротинетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седам така, го чекам Јона. Устата веќе почнува да ми попретрпнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ветрот веќе почнува и првите снегулки да ги навева. Небаре иглици, небаре пулајќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Веќе почнува да се развиделува и нешто црно како ѓумче, како котле се покажува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Надвор веќе почнува да паѓа снег. Нешто како лапавица. Снег и дожд заедно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)