веќе (прил.) - може (гл.)

Кога стигна ѕвоното, веќе можеше со ѕвонење да се огласи ако имаше богослужба и за смрт, помилуј господи, можеше да се бие траурно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега веќе можев да ѝ пишам поопширно на Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека беше жив Сталин никој од социјалистичките земји не смееше да има никаква врска со Југославија и сега веќе можам да речам со Македонија, а не Србија..
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Така кроеја планови двајцата пријатели, зашто веќе можеме да ги наречеме така, но кој да знае што им носеше иднината, и тоа најблиската иднина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стрипот кој Гронинг продолжува да го пишува и црта, денес може да се најде во неделните и алтернативните весници во секој поголем град во Америка, а и колекции со неговите работи веќе можат да се најдат во книжарниците.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во кафето веќе можеше човек да забележи групички по масите од пет шест луѓе, кои секој ден на една маса седеа и водеа сериозни разговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Градот веќе можеше да се прогласи за постмодерен Содом.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Го загрижуваше нешто друго. Нешто што сѐ поизразито се чувствуваше во воздухот, ниски облаци, како капа, седеа над Чукарот, некаде во височините над долината се чувствуваше невидлива брканица на ветровите, а во воздухот веќе можеше да се насети близината на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Личните документи го ублажуваат општото чувство на живеење во Лимб, со личните документи веќе можат да се донесуваат и животни одлуки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По нецел час јас веќе можев да стојам на нозе; се исправив и видов дека додека јас сум бил во мојата светлина и со неа, Земанек и другарите ме пренесле во самиот археолошки локалитет, под едно импровизирано тремче кое си го направиле археолозите да ги штити од сонцето; ме легнале на едно полско креветче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имајќи го овој динамит, гемиџиите уште во втората половина на 1902 година веќе можеле да ја дигнат Банката во воздух.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Онисифор Проказник од своето засолниште веќе можел да им ги види лицата: најстариот, мажиште со виснати жолти мустаќи и со тешки веѓи на арамиски или кираџиски чауш можел да му биде татко на најмладиот сѐ уште не во годините на Перуника, на другите, испиени и брадосани од планински живот, тешко можело да им се определат годините.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Разговарале и се смееле, никој од нив не претпоставувал дека во пустелијата ќе сретнат жив човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако сакаш да знаеш, во сево ова има толку многу конвенционалност, што сега веќе може да возбуди само некој оперски херој како што си ти.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа нешто сѐ уште не ми е познато. Но веќе можам да го почувствувам.“ okno.mk 91
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ дури не сети оти веќе може и да гледа, оти гледа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сега веќе можеше да си остане тука колку што ќе му се посака, и тој остануваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука ги најде и остатоците од едно старо седело и огнето од нив сосема порасте, така што сега веќе можеше да му го стави и најсуровиот прат, што го скрши околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои од нив тој веќе можеше и да ги распознава.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе месец дена така лежиме, наживуваме. Некои веќе можеме да одиме понадвор, сами да си вршиме измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Хаваи. Тахити. Тешко дека веќе можев да ја распознавам музиката, но таа неодоливо потсетуваше на плажа и лесни неоптеретувачки движења кои се трудев да ги погодам пред да ме затресе тектонски, еруптивен вулкан.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во исто време беа истакнати сите знамиња и другите работи што одат со тоа и веќе можеше да се рече дека почнал испитот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Веќе можеше да се седи надвор иако вечерите беа сѐ уште свежи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И јас веќе можев да видам како од една разнина се исправа оживеана изветвеност на некого што бил и останал само сенка и спомен на своето минато, победник на својот пораз, исправен е и ги подава празните ракави кон мене или, доколку сум мртов за него, кон некого од некогашниот свој живот, а во неговата празна утроба се одмотува клопчето на агонијата и го враќа претсмртниот час на тој призрак - ќе му се исповеда мртвиот на животот, ќе не плисне со тајни и ќе не повлече очајни со себе во бездните на невратот, на тоа ништо, на тој измислен акварелен портрет потргнат од есенски дожд.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Што веќе можеше да се разговара, барем за некои работи, со неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега веќе може да го покани во време на распустот да ја посети неа, и баба му и тетките.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајка, во тие години, на возраста на која веќе можеше да добие виза за да патува во Албанија, дојде на брегот крај манастирот за да запали свеќа и да се подготви за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)