веќе (прил.) - започне (гл.)

5.  Работодавачот може да отстрани работници од процесот на работа само во одговор на веќе започнат штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4.  За разлика од укинувањето (дејство ex nunc – „отсега“ за во иднина) кај поништувањето на одреден правен акт (ex tunc – „оттогаш“ 52 т.е. наназад) се создава впечаток дека овој поништен акт воопшто не ни постоел во правниот промет и сообраќај и, ретроактивно, се ништат сите правни последици кои настанале од неговото дејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е процес веќе започнат кај нас и тука автентичната левица гледа свој природен сојузник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- Онаа девојка, му рекла како да продолжува веќе започнат разговор, - вчера по тебе дојде и ќе те следи додека си жив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја сочекал скаменет и свртен на друга страна. Го поклопила со сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Спротивно на неа, по ново, на работникот може да му се даде отказ ако организирал или учествувал во штрајк кој не е организиран во согласност со закон и колективен договор или, ако за време на штрајкот, направил некоја друга тешка повреда на договорот за вработување (чл. 239, ЗРО/05); г) избришана е и одредбата која велеше дека, во текот на штрајкот, органот на управување и работоводниот орган не можат да вработуваат работници кои би ги замениле учесниците во штрајкот (чл. 14, ЗШ/91), и на нејзино место е вметната една крута и заплашувачка одредба, според која работодавачот може да отстрани работници од процесот на работа само во одговор на веќе започнат штрајк!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Меѓутоа, оваа револуција се случи мошне доцна, зашто западните империјализми веќе започнаа да ја распарчуваат Отоманската империја, како и вирулентниот грчки, српски и бугарски национализам кои ја предизвикаа Балканската војна, во 1912 година.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наставничката Емилија им даде слободна тема, но врз текстот за Правата на децата, зашто веќе започна Детската недела.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Минк веќе започна да јаде од другата чинија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)