веќе (прил.) - живее (гл.)

За да избега од својот несреќен брак отишла во Париз, каде нејзиниот татко веќе живеел во прогонство.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На Хелвиг му беше јасно дека во овие нови околности во неговиот живот, заради оваа жена со која веќе живее заедно, не би можел сам, без нејзина согласност, да одлучи да го бара детето.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По Берлинскиот договор таа е сама од сите други јужнословенски земји под Турција и веќе живее таков одделен живот повеќе од 25 години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Родена и порасната во Бразил, Мартинс се школувала на една француска школа во Рио Де Женеиро и течно зборувала француски.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најпосле Татко ја дополни мислата на Камилски, на негово задоволство: За нашите деца е предоцна, тие веќе живеат со претставувањето на самите себе како нивна спротивност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)