веќе (прил.) - сто (бр.)

- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)